„Лавовите“ ремизираа со ЦСКА 1948, а промашија и пенал за победа… (ВИДЕО)

Македонија ЃП ремизираше со бугарскиот второлигаш ЦСКА 1948 Софија (1-1) на пријателскиот натпревар во Аланија.

„Лавовите“ одиграа квалитетен натпревар со Бугарите, заслужија победа, но по нереализираните неколку шанси и удар од белата точка, на крајот мораа да се помират со реми. Стрелец на водечкиот гол за ЦСКА беше Андон Гуштеров во 17. минута…


Македонскиот состав израмни со погодокот на Робсон да Силва во 93. минута, директно од слободен удар. Претходно во 70. минута Костовски не реализираше и пенал за Македонија ЃП.

Македонија ЃП на мечот против ЦСКА настапи во следниот состав: Јовановски, Пеналва, Филиповски, Пешов, Јакимовски, Билали, Емини, Воша, Демир, Адеми и Костовски.

Се вчитува...