Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска означи старт на подготовките за претстојните бараж дуели против Словачка за пласман на Светското првенство 2027.
Првиот натпревар ќе се одигра на 14 мај во 19 часот во Прешов, Словачка, додека реванш бараж натпреварот ќе се одигра на 17 мај во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
На собирот присуствуваше и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, кој ги поздрави репрезентативците и стручниот штаб, посакувајќи им многу среќа и успешен настап во претстојните бараж натпревари.
Селекторот Кире Лазаров истакна дека максимално сериозно мора да се пристапи на овој бараж, без ниту најмало потценување на противникот ако сакаме пласман на СП 2027.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
