Џеј-Џеј и Лекси Алтобели под посебен лекарски надзор по големата хеликоптерска несреќа

Меѓу жртвите во големата хеликоптерска несреќа во која животот го загубија Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана, е и дел од семејство Алтобели. Уште едно спортско семејство од кое трагично загинаа бејзбол тренерот Џон Алтобели (56), неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса која заедно со Џана Брајант играле кошарка за Академијата Мамба.

Од семејството Алтобели сега останаа единствено Џеј-Џеј, најстариот син од првиот брак на Џон, кој е бејзбол скаут, и неговата полусестра Лекси. И двајцата, како што пренесуваат американските медиуми, минуваат низ исклучително трауматични моменти по дознавањето за големата трагедија.

И Џеј-Џеј, но посебно Лекси е во шок-состојба, под постојан лекарски надзор. Американската спортска јавност веќе се организираше за помош на двајцата како полесно би ги надминале исклучително тешките моменти.

„Сосема очекувано и двајцата тешко ги доживуваат овие моменти. Останаа без родителите и својата сестра и за да го преболат сето тоа ќе треба да мине долг период“ – велат блиски до семејството Алтобели.

Загина и Кристина Маусер, исто така кошаркарски тренер, како и младата кошаркарка Пејтон и нејзината мајка Сара Честер, кои исто така оделе на турнирот во Таусенд. Како и пилотот Ара Зобајан.

Се вчитува...