Смртта на Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана го потресе целиот свет. Еден од најголемите кошаркари во историјата го загуби животот во хеликоптерска несреќа, а покрај неговата ќерка животот го загубија уште седум лица.
Брејди Смиги е дететот кое веројатно е сопственик на последната фотографија со Коби Брајант. Ја направи на Мамба академијата неколку часа пред смртта на Коби. Ова дете успеа да го фати Коби на момент, а бидејќи фотографијата не му искочила најдобро побарал повторно да се фотографираат. Неговата мајка Дионе Смиги ги откри зборовите кои Коби му ги упатил на малиот Брејди.
„Утре ќе направиме подобра“, накратко му одговорил Коби на малиот Брејди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА