Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром останува осамен на врвот на првенствената домашна табела откако во дуелот од 14.коло забележа лесна и рутинска победа на домашен терен над Пелистер со 83-59. Мзт е единствен со 25 бода на лидерската позиција пред групата екипи од второто до петтото место со по 24 бода.

Уште во воведната четвртина од пресметката со битолскиот тим, МЗТ најави лесна и висока победа. Првите 10 минути ги доби со 29-19. Во вториот период предноста ја дополни со нови четири поени и веќе на паузата имаше победничка разлика. Во второто полувреме, Пелистер одржуваше резултатски баланс, со еден поен ја доби третата четвртина, но беше далеку од достигнување на огромната позитива на домаќините која во еден момент изнесуваше и највисоки 28 поени.
Дамјан Стојановски со 15 и Андреј Маслинко со 14 поени беа најефикасни во победничкиот состав додека кај Пелистер Антон Казарновски заврши со 23 и Адем Мекиќ со 18 поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

