Кошаркарките на МВП Скопје се шампионки на Македонија до 14 години (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младите кошаркарки на МВП Скопје се новите шампионки во М14 лигата од „Адастра“ младинските лиги, откако во финалниот натпревар од Ф4 турнирот славеа убедлива победа против екипата на Бадел 1862 со 74-50 (16-13, 21-17, 14-13, 23-7).

На крајот, домаќинот на турнирот во салата на СЦ „Јане Сандански“ дојде од убедлива победа, вредна златни одличја за прикажаното на дводневниот собир на четирите најдобри во оваа конкуренција.

Изедначено се играше во текот на три четвртини од финалниот натпревар во М14 лигата. Период од играта во која домашната екипа имаше постојано водство. Прво од (16-13), на истекот на првиот период, потоа (37-30), на полувремето, и нешто повисоко (51:-43), по три одиграни четвртини.

Решавачка беше последната во која МВП Скопје одигра масимално ефикасно во фазата на нападот. Ја добија таа четвртина со големи (23-7), и тоа како доволно за шампионски трофеј, сосема заслужено по сезоната  без ниту еден пораз.

МВП Скопје ја имаше и најдобрата кошаркарка на турнирот, Вера Танаскоска, која забележа 27 поени во мечот на одлука.

Претходно, во натпреварот за третото место, екипата на Петровски од Битола го совлада тимот на Струга 2009 со 60-46.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М14 ЛИГА-ЖЕНИ

ПОЛУФИНАЛЕ

МВП Скопје – Струга 2009 63-37

Петровски – Бадел 1862 52-64

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

Струга 2009 –Петровски 46-60

ФИНАЛЕ

МВП Скопје – Бадел 1862 74-50

Се вчитува...