Тренерска смена во Академија ФМП

Слабите резултати во последниот период придонесоа раководството на Академија ФМП да донесе одлука за разделба од Игор Гацов. Овој стратег успеа да го внесе тимот од Кисела Вода во елитното друштво, а потоа под негово водство ФМП одигра неколку одлични средби, меѓу другото земајќи го и скалпот на „големиот“ Работнички.

Сепак, формата почна да се движи во надолна линија, во последните пет кола оваа екипа претрпе исто толку порази, а по неуспехот на гостувањето во „Градски парк“ и убедливиот пораз од 88-60 беше донесена одлука за разделба меѓу Академија ФМП и Гацов. Нов тренер на Академија ФМП се очекува да биде Владимир Мирковски, младиот стручњак што во последните години работеше во Кина, но сега е подготвен за прволигашки предизвик во мак-баскетот.

Академија ФМП во моментов се наоѓа на осмото место на табелата, со само една победа повеќе од Вардар, во битка за избегнување на бараж за опстанок во елитното друштво.

Се вчитува...