Владимир Мирковски е именуван за нов тренер на клупата на прволигашот ФМП Академија, откако претходно клубот го раскина договорот со Игор Гацов.
По повеќегодишниот ангажман во Кина, Мирковски се враќа во македонската Прва лига на клупата на Академија ФМП, по претходните успешните ангажмани во екипите на КК Бест Гевгелија и КК МЗТ Скопје Аеродром.
„Соработката со Академија ФМП се случи спонтано и неочекувано, за време на паузата во азиските лиги поради кинеската Нова година. Оваа екипа е составена претежно од млади играчи кои јас многу добро ги познавам од младинските лиги. Очекувам максимално вложување на играчите, а фактот дека мојата работа за нив не е непозната е голема предност и предуслов за успешна соработка“ – истакнува Мирковски по промоцијата на клупата на прволигашот.
Претходно во својата кариера Мирковски беше тренер на КК Бест Гевгелија, селектор на репрезентацијата на Македонија до 16 години и асистент на клупата на повеќекратниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, со кого стигна и до една титула во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА