Гостивар не дозволи изненадување против МЗТ 2

Кошаркарите на Гостивар не дозволија изненадување, совладувајќи го МЗТ 2 со 89-69 во премиерниот натпревар од 15. коло од кошаркарската Суперлига. „Штркчињата“ одлично го почнаа натпреварот и по десет минути имаа предност од 21-25. Сепак, поискусниот тим квалитетот го покажа уште на стартот на втората четвртина во која успеа да ја зацврсти одбраната, на младите металци да им дозволи само 11 поени и на полувреме да замине со предност од 41-36. Во второто полувреме гостиварци рутински го контролираа натпреварот и стигнаа до конечен триум од 89-69.

Џелетовиќ со 30 поени и 9 скока беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Мамузиќ натпреварот го заврши со 21 поен и 9 скока. Ова за Гостивар е 11 победа сезонава во домашниот шампионот во кој четири пати беа поразени, додека „штркчињата“ се заковани за дното со петнаесет порази во исто толку натпревари.

Се вчитува...