Новак Ѓоковиќ лесно го победи Виктор Троицки на „Адрија Тур“ во Белград, но најдобриот поен на денот не го одиграа двајцата српски тенисери. Честа му припадна на едно од децата кои беа задолжени за собирање на топчињата, кое го зеде рекетот од Троицки, па му зеде поен на најдобриот тенисер на денешницата.
Трибините „експлодираа“, на честитките се приклучи и Ѓоковиќ, кој добро го познава детето – тоа е 12-годишниот Михаило Топиќ во чиј развој инвестира токму Ѓоковиќ.
„Запомнете го ова име – Михаило Топиќ. Тој е голема надеж на нашиот тенис, одлично момче и иден шампион“, порача Троицки.
Тренерот Марјан Вајда го препозна талентот на ова дете, по што Ѓоковиќ реши да му помогне, а за нивната соработка пред неколку години пишуваше и американскиот магазин „Спортс Илустрејтид“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

