Голема драма синоќа во Задар предизвика информацијата дека Григор Димитров е заразен од коронавирусот. Димитров учествуваше на „Адрија тур“ кој претходниве денови се играше во Задар, но финалето е откажано откако беше потврдено дека е позитивен на Ковид-19.
Поголемиот број тенисери синоќа веднаш се тестираа, но Ѓоковиќ одби тоа да го направи пред враќањето во Белград.
Димитров бил буквално на сите пропратни случувања на турнирот, и на средби со млади тенисери од Хрватска и на кошаркарски натпревар со кошаркарите на Задар, не одвојувајќи се од Ѓоковиќ и останатите тенисери. Поради тоа е сомнежот дека има уште многу заразени.
Сето ова е голем удар за Новак Ѓоковиќ кој е организатор на турнирот. Доби многу критики од светот на тенисот и претходно дека не е време за спортски натпревари се уште. Новак веруваше во спротивното, и погреши…
Откако беше потврдено дека Димитров е позитивен многумина како едвај да дочекаа да испратат серија критики на сметка на Ѓоковиќ. Меѓу првите и легендарниот Енди Родик кој на еден пост за случувањата во Задар саркастично порача: „Очигледно дека постои некоја пандемија…“
Obviously ? everyone will have to get tested ASAP https://t.co/kKWqmrZprl
— Brad Gilbert (@bgtennisnation) June 21, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

