Најсилната бејзбол лига во светот МЛБ стартот на сезоната ќе го има во јули откако беше постигнат договор меѓу играчите и лигата. Играчите ги прифатија сите услови за сезона од 60 натпревари.
Бројот на екипи кои ќе бидат во доигрувањето ќе остане десет, иако од лигата бараа да биде променета долгата традиција и сезонава во МЛБ плеј-офот да учествуваат шеснаесет екипи. Најважната пречка која беше надмината е околу сигурносниот аспект. Бејзбол – играчите прифатија да потпишат таканаречен сигурносен здравствен документ на сто страници како би можела сезоната да почне.
Тренинг камповите ќе се отворат на 1. јули, а сезоната ќе почне на 23. или 24. јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА