Ракометарите на Србија триумфираа против Аргентина со 28-22 (12-10) во вториот натпревар од Групата 3 од главната рунда на Светското првенство 2023 во Полска.
Со оваа победа Србите ја продолжуваат битката за четвртфинале иако е јасно дека тоа е речиси невозможно по претходниот пораз од Норвешка, но пред се продолжуваат битката да завршат во Топ 10 селекции на шампионатот што би им донело шанса да се борат за Летните олимписки игри во Париз 2024.
Бидејќи Бразил не може меѓу осум, 11-от тим на СП не оди во квалификациите за ЛОИ 2024, но само деветто и десеттопласираниот, под услов Египет да биде во четвртфинале (што е веќе извесно) и потоа да биде шампион на Африка.
На Србите да се надеваат за Топ 10 на СП 2023 им е потребна победа во последното коло од групите против Холандија, а потоа ќе одлучува гол-разликата. Најголем ривал за место меѓу десетте најдобри им е Словенија.
Во Групата 4, денеска Египет славеше против Бахреин со 26-22, па се зацврсти на првото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА