Хрватска стигна до третата победа во втората фаза од Светското првенство откако славеше против Бахреин со 43-32. „Коцкесите“ се мачеа во првото полувреме во кое имаа и негатива од по еден поен, но успеаја да го најдат својот ритам во финишот за предност од 17-16, а продолжија да го диктираат темпото и во вторите 20. минути во кои стигнаа до двоцифрена предност.
На победа се радуваше и Србија која ја совлада Холандија со 32-30. Доброто отварање на натпреварот на Холанѓаните им донесе предноста која умешно ја одржуваа за 15-17 по 30. минути игра, но Србите преку добрата одбрана успеаја да стигнат до целосен пресврт во второто полувреме.
Србија изедначи, а и по играта „гол за гол“, пресуди серијата од 3-0 при самата завршница кога „орлите“ стигнаа до предност од 32-29.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА