Поранешниот голман на француската ракометна репрезентација Бруно Мартини, заврши зад решетки после двегодишна полициска акција поради педофилија.
Некогашниот светски првак со Франција од 1995 и 2001 година, е приведен поради „искористување на малолетни“, и „снимање на детска порнографија“, пренесуваат француските медиуми.
Мартини од 2021 година работи како претседател на здружението на прволигаши во Франција. Мартини на истражителите им призна дека контактирал 13-годишно момче преку социјалните мрежи и барал експлицитни фотографии и предлагал да се најдат. Го уапсиле во неговиот дом во понеделникот.
После два дена пуштен е на слобода, но наскоро ќе заврши на суд. Му се заканува затвор од пет години доколку ја признае вината.
Мартини бранеше за Франција од 1990 до 2007 година каде одигра 202 натпревари. Беше дел од Кил, Нимс, ПСЖ, Монпелје и некои други клубови. Од 2010 до 2021 година беше генерален менаџер во ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

