Шпанија и Норвешка играат меч за паметење во четвртфиналето од СП 2023 по неверојатниот финиш во кој Норвежаните пропуштија неверојатна шанса да стигнат до победата.
Имено, при водство од 25-24 норвешкиот селектор побара тајмаут за да го организира последниот напад на својот тим, скандинавците умешно комбинираа, но кога Бјорнсон се најде во добра позиција за влез и шут, а реши да додаде, судиите реагираа и им ја одзедоа топката…
На семафорот имаше само неколку секунди, но тука се виде и тактичката умешност на Шпанците… ако се знае дека Дани Душебајев лукаво чекаше на десетина метри од противничкиот гол, а штом ја доби топката мајсторски ја смести во мрежата на Норвешка, за огромна радост на „црвената фурија“ и дополнителни возбудувања на ова четвртфинале.
WHAT THE HELL WERE NORWAY DOING!!!! pic.twitter.com/EtKyHojqfQ
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 25, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА