Кристијан Бјорнсен долго ќе го памети вечерашниот дуел меѓу Норвешка и Шпанија, на кој крилниот ракометар беше огромен трагичар на својата селекција, која загуби добиен меч и не успеа да се пласира во мундијалското полуфинале.
Бјорнсен направи катастрофална грешка кога во финишот од регуларниот дел при „плус еден“ не тргна на гол, туку одигра повратно додавање, по што судиите им ја одзедоа топката на Норвежаните, а Шпанија на една секунда пред крајот израмни и го одведе мечот во продолженија. Бјорнсен имаше „осум од осум“ до самиот финиш на второто продолжение, кога имаше шут за израмнување и пенал-рулет, но не усепа да го совлада Перез де Варгас.
„Секако дека јас сум виновникот, оние две грешки што ги направив го решија победникот. Многу ми е тешко, тоа не треба ни да се доведува во прашање… Сум се нашол во вакви ситуации и во минатото, решив да не шутирам. Мислам дека додавање наназад не значи по автоматизам пасивен напад, судиите не требаше да го досудат тоа. Нормално, се чувствувам ужасно, да можев сега се би направил спротивно, но тоа не е возможно“, изјави Бјорнсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА