Валтер: Не бевме ни блиску до победа, но верувам дека ќе бидеме подобри како што одминува сезоната

Еурофарм Пелистер со пораз од Војводина ја започна новата сезона во СЕХА лигата. Битолчани одиграа далеку под очекувањата на гостувањето во Србија па сосема заслужено „црвено-белите“ ги задржаа трите бода.

Незадоволството од натпреварот го искажа и тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер кој проблемот го најде во агресивната одбрана на противникот, а додаде и дека недоволното време за подготовки со полн состав не може да биде изговор за ваков натпревар.

„Не „уби“ одбраната 6-0. Не успеавме да имаме добар проток на топката и да напаѓаме околку неа. Не бевме ни блиску да бидеме искрени и мораме да кажам дека ова е заслужена победа на Војводина. Се соочувавме со проблем бидејќи не можевме да сметаме на повеќе играчи поради настапот на Светското првенство, но тоа не изговор. Верувам дека ќе бидеме подобри како што одминува сезоната“, изјави Валтер.

Се вчитува...