Голем плус за РК Охрид: „Рибари“ се враќаат на трибините на СЦ „Билјанини извори“

Охрид ќе ја има поддршката на своите најверни навивачи во текот на ракометниот плејоф откако навивачката група „Рибари“ објави дека ќе се врати на трибините на салата „Билјанини извори“.

„Рибари“ не се појавуваа во салата поради конфликтот со тренерот на тимот, но во пресрет на клучниот дел од сезоната донесена е одлука недоразбирањата да се остават зад себе, за доброто на клубот.

„Многу беше болно да се гледа како клубот губи поради нашето отсуство. А тоа е клубот на кој му ја дадовме младоста. Се враќаме само поради Охрид. Читајте добро, само поради Охрид, не поради Горан Андоноски. Борбата ја продолжуваме со наше масовно присуство во сала. Сега со гордост можеме да кажеме дека ГРК „Охрид“ повторно ја добива својата душа, а тоа сме ние – НГ „Рибари“ без која клубот не може да биде ист. Повеќе никој нема да може да си игра со клубот, бидејќи ние ќе сме тука да се спротивставиме на секоја неправда, порачаа од навивачката група Рибари.

Се вчитува...