Ракометарите на Вардар в петок против Татран Прешов ќе го одиграат третиот натпревар од новата сезона во регионалната СЕХА лига. Вардарци во првиот натпревар против словачкиот тим загубија на гостувањето, а сега ќе се обидат да се реваншираат за поразот во Словачка.
Крилото на „црвено-црните“, Гоце Георгиевски пред мечот против Татран вели дека би било фантастично да победат со пет гола разлика како би го обезбедиле првото место во групата.
,,Би било фантастично да победиме со пет гола разлика, речиси ќе обезбедиме прво место во група. Пред првиот дуел, како што кажа и тренерот Недановски, немавме тренинзи, ние дојдовме директно од авион од Светско првенство на натпревар со Татран. Сега гледаме анализа од првиот дуел, како сме играле, каде сме грешеле и да ги поправиме тие грешки и мислам дека подобро ќе одиграме во петок, но сепак, Татран е добра и квалитетна екипа и доколку го испочитуваме она што ќе го договориме да го играме на тој натпревар, мислам дека ќе победиме, се надевам и со пет гола разлика. На дуелот со Татран можевме да изгубиме и со помалку негатива, имавме напад за минус еден, но во последните минути направиме неколку грешки и одите на четири гола разлика и мислам дека не е реална таа разлика од четири гола. Ќе одиме на победа од пет гола разлика и ќе видиме што ќе се случи. ,,Мислам дека кога се игра подобра одбрана, се игра и подобар напад. Таа самодоверба, која ја имаш во одбраната ја пренесуваш и во нападот, играш послободно и мислам дека одбраната го добива натпреварот и одбраната ако функционира на едно добро и високо ниво, верувам дека ќе победиме”, изјави Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА