Вецлар и официјално е нов клуб на Филип Кузмановски, откако германскиот тим го промовираше македонскиот репрезентативец во својот клуб.
Денеска Кузмановски ги мина лекарските прегледи и погпиша договор со Вецлар, каде што е дел и поранешниот репрезентативец Филип Миркуловски.
„Бев воодушевен кога дознав дека Вецлар се интересира за мене. Ни претстои тешка задача. Ќе направам се да му помогнам на клубот да победува на многу натпревари и успешно да го совладаме секој предизвик“, рече Кузмановски.
Среќен поради ангажманот на Кузмановски е и тренерот на Вецлар, Хрвоје Хорват.
„Сакавме да го засилиме тимот, и затоа сум среќен што успеавме да го ангажираме Филип“, рече Хорват.
Претходно Хановер се збогуваше од Кузмановски, и му посака среќа во новата средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА