Сара Ристовска со ЦСКА дојде до третиот триумф во плеј-офот на првенството во Русија. Репрезентативката на Македонија имаше одличен меч, со кој помогна нејзиниот тим да слави над Звенигород со 29-24 (14-12).
Капитенот на женската селекција мина на теренот 40 минути, и постигна шест гола од седум обиди.
ЦСКА сега е прва со 54 бодови на првата позиција, и има дури 12 бодови предност од второпласираниот тим на Ростов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА