Спектаклот меѓу Фјури и Усик доби нов датум: Сега, кој ќе откаже ќе мора да плати богатство!

Долгоочекуванaта борба за обединување на титулите во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик доби нов датум.

Откако првично борбата беше одложена поради повредата на Фјури, сега кралски советник на Саудиска Арабија, како и промоторот на Фјури – Усик, Турки Алалшик откри дека борбата сега ќе се одржи на 18. мај. Како поттик, Турки рече дека ако некој се повлече од датумот, ќе изгуби 10 милиони од хонорарот за борба.

И Фјури и Усик се појавија на специјалното издание на ММА Фајтинг и се согласија на новиот датум. Местото на борбата останува исто – во Ријад, Саудиска Арабија.

Борбата, како што е познато, првично беше закажана за 17. февруари, но Фјури се здоби со лоша расекотина за време на тренингот и беше принуден да се повлече.

Се вчитува...