Неверојатен натпревар во 9. коло од Премиерлигата одиграа Брентфорд и Ипсвич кој заврши со домашен триумф од 4-3.
Ипсвич со головите на Смодикс и Хирст поведе во 0-2 во 31. минута од средбата, а пред самиот крај на првото полувреме следеа два брза гола на Брентфорд кој преку Виса и автоголот на Кларк стигна до 2-2.
Мбуемо од белата точка донесе целосен пресврт за домашниот тим, а и покрај тоа што се чинеше дека Брентфорд ќе приреди мирен финиш по црвениот картон на Кларк, Делеап изедначи на 3-3 во 86. минута. Сепак трите бода останаа во Лондон во вториот гол на Мубено во шесттата минута од судиското продолжение.
Football is fun. 😅 pic.twitter.com/7gR6E7gLsO
— Brentford FC (@BrentfordFC) October 26, 2024
Манчестер Сити ја забележа седмата победа во Премиерлигата откако во 9. коло славеше со минимални 1-0 против Саутемптон благодарение на голот на Ерлинг Халанд во 5. минута од средбата.
Астон Вила и Борнмут ремизираа со 1-1, додека Брајтон и Вулверхемптон со 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА