Брегалница се израдува на првата гостинска победа сезонава откако штипјани по голема битка триумфираа со 3-4 против Арсими. Гостите од Штип деллуваа сигурно на патот до триумфот, дозволија домаќините да израмни на 3-3, но буквално во последните секунди сепак стигна до огромна радост со голот на Натаниел.
Kaба беше фудбалерот што го доведе домашниот тим во водство по дваесетина минути игра, по што следеше фуриозен одговор на штипјани. Брегалница до крајот на полувремето го сврте резултатот во своја полза со головите на Коцев и на Глигоров. Кога Велковски погоди за 1-3 на почетокот од второто полувреме се чинеше дека прашањето на победникот е решено, но Арсими не се предаде и со головите на Рамадани и на Гоњи стигна до израмнување.
Тоа не беше и крај на возбудувањата бидејќи Брегалница на крајот сепак успеа да стигне до цел плен, стрелец беше Натаниел кој одлично се снајде на првиот дирек по еден корнер од десната страна, сместувајќи ја топката во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
