Мајкл Карик реши да престане да го толерира непрофесионалното однесување на фудбалерите на Манчестер јунајтед, оставајќи го Бруно Фернандеш на клупата за резерви на стартот од денешниот домашен меч со Борнмут.
Овој дуел според многумина е „да се биде или не“ за Карик, но стратегот на Јунајтед реши да не му прости на Бруно за жетоките критики на негова адреса околу тактиката при поразот од Комо во Лигата на Шампионите.
Карик ја прифати одговорноста за неуспехот, не се сложи со констатациите на Португалецот дека неговиоот тим не играл „пресинг“ кога противникот ја имал топката во свој посед, а денеска и го санкционираше Бруно.
Фернандеш, кој беше жестоко критикуван во јавноста за својот испад, денешниот меч ќе го почне од клупата, а останува да се види дали Карик воопшто ќе го внесе во игра во второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
