Најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ е посветена на „Мундијалот на пријателството“ кој петта година по ред се одржа во Улцињ, Црна Гора, а на кој се собираат голем број легенди на поранешниот југословенски спорт, врвни спортисти освојувачи на бројни одликувањата од големите натпреварувања.
Па, во „ПРЕСИНГ“, секако очекувано разговор и со идејниот творец и организаторот на овој уникатен собир, единствен во Европа, Павле Пепѓоновиќ.
Пепѓоновиќ открива дека живеел еден свој сон на едно место да ги собере најголемите спортски легенди од овие простори, но сето тоа во 2022 година заедно со, сега покојниот Иван Гудељ – легенда на Хајдук и хрватскиот фудбал, почнало исклучително спонтано…
„Се радувавме која ја добивме веста дека и вие како медиум ќе бидете тука со нас во Улцињ. Знаете како, ова е една нереална приказна. Јас сам улцињанин кој најмногу е експониран во оваа приказна од самиот почеток. А, и сам не знам од каде мене во таа прва година – 2022 година, енергија, затоа што јас сум тотално непознат човек во тој период, во тој свет, но едноставно живеев некој свој сон.Ми се јави таа идеја, и со покојниот Иван Гудељ, покренавме една приказна. Не знам да опишам како таа прва године со одзваа повеќе од деведесет спортисти кои дојдоа кај мене непознат човек и во градот во кој никогаш и не биле“ – вели Пепѓоновиќ и дополнува:
„Ви благодарам на вас медиумите, затоа што медиумите се ударна тупаница на оваа приказна од самиот почеток, кои носат големи заслуги. Горди сме и среќни овде во Улцињ, од првиот ден ниту еден хотелиер и угостител никогаш не наплатил ниту едан цент што се однесува на сместувањето, а Мундијалот трае три дена. Сега, за овој петти мундијал – вкупно 704 соби беа букирани… Толкава разноликост имате тука, и од Македонија, и од Косово, и од Србија, и од Босна и Херцеговина, и Црна Гора и Словенија и Хрватска. Овде ништо специјално не се случува, тука само се случува еден нормален живот, почит, респект кои и секогаш ги имало. Но, оваа приказна живее и благодарение и на вас медиумите, затоа што медиумите ја опколија, прегрнаа и сето тоа потоа отиде навистина многу далеку. Ние дојдовме и до различни адреси, и до господинот Чеферин, и до господинот Новак Ѓоковиќ, и сега ни е многу полесно кога ќе се обратиме некому, затоа што веќе слушнале. Не постои повеќе никој во регионот а да не слушнал за Мундијалот, и да не знае генерално за што се работи тука“.
Пепѓоновиќ открива дека од првата година тука во Улцињ постојано се и македонски спортски легенди, но не крие дека посакува таа бројка да биде поголема.
„Првата година кога беше, тогаш Иван Гудељ ми рече: ‘Имаме ние хајдуковец во Македонија – Ванчо Балевски. Исто така и Кочо Димитровски е тука постојано со нас, еве јас не знам, но мислам дека не постои на екс-ју просторите човек со повеќе натпревари за еден клуб во првата лига од Кочо Димитровски. Исто така Шабан Трстена е секоја година со нас, па потоа Драги Сетинов. Го баравме и сега покојниот Васил Рингов. За жал, веќе беше со кревко здравје и на крај и не напушти. Дојдовме и до Дарко Панчев, Канатларовски е тука редовно. Вујадин Станојковиќ го каниме редовно, и секогаш тој срдечно се јавува, дури имав и можност и да го запознаам и да бидам со него. Потоа дојдовме и до контакт со господинот Пандев. Единствено што не успеавме да дојдеме до број од просторот на Македонија, а ни е интересен, е Петар Наумовски“.
Првиот човек на „Мундијалот на пријателството“ вели дека за во иднина посакува овој собир да се прошири и со присуство на млади спортисти преку организација на некои турнири и игри на младите, во комбинација со панел-дискусии на присутните легенди…
„Јас, ако би можел да дадам некаков допринос, мислам дека оваа приказна треба да се насочува, заедно со овие спортски амбасадори кои се многу важни, би го насочувал ова кон младите, кон децата и младите, и да наредните мундијали секогаш имаат некој турнир, некакви игри на младите. Од овие три дана, и младите да се еден ден тука присутни. А овие, така да кажам, постарите низ некакви панели и панел-дискусии и искуства, сето тоа некако да го поврземе. Мислим дека тогаш таа приказна навистина би го имала оној вистински, вистински ефект“ – вели Пепѓоновиќ.
А, Павле веќе се подготвува и за следниот, шестти, „Мундијал на пријателството“ кој ќе се одржи првиот викенд од октомври во 2027 година…
„Ви благодарам вам многу и уште еднаш голема почит за вас. Навистина многу ни беше драго кога остваривме контакт, затоа што ни недостасуваше од Македонија, така да, навистина ни е драго што ја прифативте поканата, и што ја подржувате оваа приказна, и секогаш сте ни добредојдени тука. Ги поздравувам уште еднаш сите ваши и слушатели, и гледачи, и следачи“ – заокружи на крај Павле Пепѓоновиќ.
============================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО МИРСАД ЈОНУЗ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
