Женската кадетска селекција славеше на вториот дуел од регионалната лига што се одржува во Грција, и тоа токму против домашната селекција со миниимални 23-24.
Нашите млади ракометарки експресно се опоравија од поразот од Турција, одиграа квалитеен меч во кој во самата завршница стигнаа и до победата.
Македонија имаше водство од 9-11 по првото полувреме, за потоа во вториот дел да се игра израмнето до самиот финиш.
При 22-22 голманката Пауновиќ одбрани пенал на грчките ракометарки, втората голманка Насева во следниот напад запре зицер на противничките, по што во супердраматичниот финиш, Јусуф го постигна победничкиот гол за Македонија.
Оваа генерација македонски ракометарки на крајот од ноември ја очекува квалификациски турнир за ЕП 2027 во кој за противници ќе ги имаат врсничките од Грција, Литванија и Косово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
