Пресврт: Куртоа бара да брани против Барса

Тибо Куртоа сепак не е целосно отпишан за претстојното големо дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона иако „кралевите“ попладнево преку клупско соопштение објавија дека белгискиот ас нема да му биде на располагање на Жозе Мурињо за пресметката со атомскиот напад на каталонскиот гигант.

Беше најавено и дека Лунин ќе биде стартер вечерва на „Камп ноу“, но мадридските медиуми неколку часа подоцна се јавија со нови информации.

Според нив, Куртоа самиот инсистира да биде прв голман на Реал на вечното дерби. Тој поради силен грип не тренираше со екипата во последните денови, но Белгиецот во последните часови се чувствувал подобро, по што имал разговори и со клупските лекари и со тренерот Мурињо.

„Доброто е што Куртоа отпатува со екипата а Барселона. Никој не сака да ризикува со здравјето, но ако тој навистина е подобро и е во состојба да брани, Куртоа ќе биде во тимот“, пишува мадридска „Марка“ повикувајќи се на извори од стручниот штаб на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...