Интер ја активира клаузулата: Димарко останува, прашањето е до кога

Федерико Димарко би требало да остане уште најмалку една сезона во Интер откако управата на италијанскиот првак реши да ја активира клаузулата за продолжување на соработката со офанзивниот беек.

Актуелниот договор на Димарко истекува на крајот од сезонава, но „нероаѕурите“ се свесни дека тој е еден од лидерите во тимот и немаат намера да го пуштат тој да си замине без отштета. Во договорот има клаузула за продолжување јуни 2028 што може да ја активира самиот клуб, нешто што ќе биде искористено од Интер и за тоа веќе е известен и самиот фудбалер.

Проблем претставува што преговорите за подолгорочна соработка се далеку од успешни. Димарко инсистира на плата од 7,5 милиони евра годишно свесен дека оваа сума без проблем би ја добил во Премиер-лигата, но Интер не нуди повеќе од шест милиони евра, и тоа вклучувајќи ги и бонусите.

Доколку наскоро не дојде до напредок, лесно може да се случи Интер да ја активира клаузулата, па потоа летото да го продаде Димарко, да не ризикува тој по истекот на договорот како слободен играч да си замине од „Џузепе Меаца“.

Се вчитува...