Елиф Елмас постигна уште еден погодок за Аталанта во Серија А, но и тоа беше недоволно за тимот од Бергамо да ја оправда фаворитската улога против Фросиноне.
Слабата одбрана е причината за новиот „кикс“ на Аталанта, откако голманот мораше четири пати да ја вади топката од мрежата (4-4). Домаќините се враќаа од 0-1 и од 1-2, а кога Елмас во 50. минута погоди за 4-3 се чинеше дека отпорот на гостинскиот состав е скршен.
Сепак, Фросиноне продолжи со добра игра и преку Терзиќ во 82. минута стигна до израминување, за ново разочарување на Елмас и неговите соиграчи, кои моментно се наоѓаат на 11. место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
