Кризата во Манчестер јунајтед уште повеќе се продлабочи откако „црвените ѓаволи“ попладнево претрпеа уште еден домашен пораз, овојпат од Борнмут со 0-3.
Мајкл Карик и дефинитивно ќе добие отказ во следните 48 часа откако стана јасно дека овој стратег не може да го извлече максимумот од екипата. Карик денеска го остави на клупата Бруно Фернандеш поради критиките за тактиката по мечот со Комо, но Јунајтед повторно потфрли, одигра катастрофално прво полувреме во кое гостите во финишот набрзина дадоа два гола преку Рајан и Таверние (по катастрофалната грешка на Лени Јоро).
„Ѓаволите“ се отворија, но наместо да се вратат во мечот, примија и трет гол, откако Еванилсон го казни неуспешното истрчување на голманот Ламенс. Нема дилема, овој „заспан тим“ тешко се буди, а шок терапијата е и повеќе од јасна – тренерска смена откако Карик ги потроши сите кредити што му ги даде управата.
Ливерпул славеше со 2-0 на домашен терен над Брајтон, прекинувајќи ја серијата одлични резултати на оваа екипа. Грос со автогол по ударот на Вирц и Александар Исак на асистенција на Баркола беа стрелци на „Енфилд“, а проблем за Ираола е повредата поради која Вирц мораше да биде заменет во второто полувреме.
Њукасл како гостин го совлада тимот на Кристал Палас со 0-2 со головите што во второто полувреме ги постигнаа Осула и Барнс, додека дуелот Хал – Брентфорд заврши без победник (1-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
