Бразилец славеше на првата скијачка трка од новата сезона

Новата ски-сезона почна со велеслаломската трка што се одржа во Зелден, каде по многу возбудувања на триумф се радуваше Бразилецот Лукас Пињеиро Бротен.

Ваквиот исход не е изненадување ако се знае дека Бротен, Бразилец роден во Норвешка, е актуелен олимписки првак, а денешниот триумф е негова деветта победа во кариерата.

Тој беше првопласиран и по првото возење, во втората трка влезе со 24 стотинки предност и успеа да се задржа нa врвот, пред Швајцареците Мејар на второто и Одермат на третото место.

Се вчитува...