Јокиќ се налути на навивачите: Подобро нека не доаѓаат веќе во сала

Никола Јокиќ не го криеше своето разочарување од дел од навивачите на Денвер нагетс, откако во голем дел од синоќешниот меч со Њу Орлеанс можеа да се слушнат свирежи насочени кон домашните кошаркари.

Денвер губеше со максимални „минус 23“, на седум минути до крајот имаше 16 поени негатива, но Јокиќ и соиграчите успеаја да се вратат и во продолжение дури и да стигнат до победата. Српскиот центар на прес-конференцијата по дуелот не заборави да ги „поздрави“ фановите кои упатуваа свирежи во текот на натпреварот.

„Не можам да разберам, прв домашен натпревар, наместо да добиеме поддршка, ние слушаме свирежи во нашата сала, од нашите навивачи. Некои работи очигледно не им се јасни, каква екипа сме ние, дека никогаш нема да се предадеме, без оглед на моментниот изглед на семафорот. Го покажавме нашиот карактер, се вративме и победивме, но ми пречи што нашите сопствени фанови не навиваат за нас, па дури и слушаме свирежи. Ако ме прашувате за мое лично мислење, подобро веќе нека не доаѓаат во сала, тие не се добредојдени“, истакна Јокиќ.

Србинот реализира 35 поени, 15 скокови и 10 асистенции на оваа средба, негов 199. трипл-дабл натпревар во НБА-лига.

Се вчитува...