Џенаро Гатузо не го криеше воодушевувањето од новата победа на својот тим откако Лацио славеше со 2-1 над Парма и моментно е осамен на чело на табелата со три бода предност, но и меч повеќе во однос на Интер.
Римскиот клуб направи сериозен ремонт во играчкиот кадар летово, но Гатузо успеа да состави моќен колектив кој забележа седум победи и едно реми во првите осум кола, најдобар старт на Лацио во клупската историја.
„Многу ми се допаѓа менталитетот на мојот тим. Начинот на кој тренираме, на кој влегуваме во натпреварите, можам да бидам само задоволен. Немаме лесен натпревар, на секој нареден се соочуваме со нови проблеми, но одговараме на вистински начин. Да бидам искрен, Лацио не припаѓа на самиот врв на Калчото, но не ни е многу гајле поради тоа, убаво е чувството кога знаете дека испишувате нови страници во книгата со рекорди. Одиме чекор по чекор, размислуваме само за наредниот натпревар и за ништо друго“, истакна Гатузо по синоќешниот триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
