Сега навистина е крај: Илиќ ја напушти клупата на Партизан

Саша Илиќ и дефинитивно ќе си замине од кормилото на Партизан откако поранешниот капитен на „црно-белите“ воопшто не се прослави во оваа авантура како кормилар на својот омилен клуб.

Тој два пати поднесуваше оставка, но навивачите и управата го премислуваа давајќи му нова шанса да остане и да го разбуди „заспаниот тим“, но тоа очигледно е невозможно. Партизан вчера повторно се посрамоти губејќи на домашен терен од Чукарички, по што „црно-белите“ со свирежи беа испратени кон соблекувалната.

Илиќ воопшто не се појави да ја даде задолжителната изјава веднаш по натпреварот, а „Телеграф“ објави дека тренерот на Партизан непосредно по мечот си поднел оставка од функцијата.

Управата на клубот ниту ја прифатила, ниту пак ја одбила оставајќи простор по една преспиена ноќ повторно да се разговара на темата, но Саша Илиќ делува решено овојпат да остане на својот став и да го напушти кормилото.

Партизан моментно се наоѓа на 10. место во лигата која брои 14 клубови, „црно-белите“ од Белград имаат скромни 11 бода на своето салдо, дури 23 помалку во однос на вечниот ривал Црвена Звезда.

Се вчитува...