Јокиќ се налути и покажа кој е кој

Никола Јокиќ се врати по разочарувачкиот премиерен меч од новата сезона, па српскиот центар со монструозен меч го предводеше Денвер до триумф над Њу Орлеанс, со 141-135 по продолжението од пет минути.

Србинот одигра уште еден меч за паметење, реализирајќи 35 поени надополнети со 15 скокови и 10 асистенции, за својот 199. трипл дабл во кариерата во НБА-лигата. Со следниот трипл-дабл Јокиќ ќе стане само вториот кој успеал да стигне до 200 вакви мечеви во кариерата во најсилната лига на светот, а нема сомнеж дека Јокиќ сезонава ќе го урне и рекордот на Расел Вестбрук, кој е прв на вечната листа со 209 трипл-дабл натпревари.

Одличен меч за Денвер одигра и Мареј кој реализираше 42 поени а херој на победничкиот тим беше Бразиле, адутот од клупата кој реализираше 17 поени и даде огромен придонес за Јокиќ и соиграчите да се радуваат на крајот.

Сан Антонио како гостин го совлада тимот на Далас со 106-122, дуел на кој Вембињама беше најдобар стрелец со 23 поени и 7 скокови.

Филаделфија го задржа стопроцентниот ефект од стартот на сезонава по домашниот триумф над Милвоки од 127-116. Ембид оствари трипл-дабл од 28 поени, 11 скокови и 10 асистенции, Браун имаше 27, а Макси 26 поени за победничкиот тим, каде не настапи Лербон Џејмс.

Резултати НБА: 

Кливленд – Бруклин 125-121, Филаделфија – Милвоки 127-116, Чикаго – Вашингтон 120-124, Далас – Сан Антонио 106-122, Денвер – Њу Орлеанс 141-135 (по прод.), Атланта – Хјустон 114-121, Феникс – Голден Стејт 131-122.

Се вчитува...