Мото ГП – последната трка на „Филип ајланд“ откажана поради дожд

Денешното издание на трката за ГН на Австралија требаше да биде спектакл бидејќи стануваше збор за последна трка што ќе се вози на легендарната патека „Филип ајланд“. За жал, овој мото-спектакл не се одржа откако организаторите по долго чекање мораа да ги откажат сите трки поради катастрофалните временски услови кои не ја гарантираа безбедноста на возачите.

„Филип ајланд“ се смета за најдобра мото-патека на светот, но од следната сезона нејзиното место во Мото ГП-шампионатот ќе го препушти на уличната патека во Аделаида, поради застареноста на патеката на островот недалеку од Мелбурн, но пред се поради желбата на челниците на Мото ГП трките да ги преселат во поголеми градови.

Денешната програма неколку пати беше одлагана, но откако стана јасно дека временските услови не се подобруваат организаторите на крајот решија да ги откажат сите натпреварувања.

Откажувањето ќе има и свое влијание врз трката за титулата, каде актуелниот првак Марк Маркез моментно има 10 бода повеќе од Хорхе Мартин, кој во саботата на спринт трката имаше тежок пад и се здоби со скршеница на зглобот на дссната рака. Во конкуренција за титулата е уште и Марко Бецеки, кој има дури 50 бода помалку во однос на Маркез.

Се вчитува...