Хаос во Скопје: Грци се обиода да се пресметаат со македонската публика на ФНЦ 34 (ВИДЕО)

Вечерашната боречка манифестација ФНЦ 34 во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје минува во тензична атмосфера откако дојде до инцидент во непосредна близина на трибините.

Според првичните информации, метежот настанал во моментите кога во арената се одржуваше пресметката меѓу грчкиот ММА борец Анастасиос Хацигеоргиадис и Георге Балаур. Искри на релација меѓу дел од публиката и лица од таборот на грчкиот натпреварувач предизвикаа вознемирување, а на дел од снимките се гледа собирање на помала група луѓе покрај заштитната ограда што ги двои трибините од боречкиот простор.

Се вчитува...