Инфантино убеден дека ќе остане на чело на ФИФА

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино изјави дека ја има поддршката од „големото мнозинство“ во фудбалскиот свет, и покрај неуспехот на неговиот план за продажба на удели во Светското првенство.

Инфантино следната година ќе се кандидира за нов мандат на чело на ФИФА, иако постојат обиди тој да биде принуден да се повлече, откако неговиот план предизвика сериозни поделби.

Тој ги разгневи фудбалските челници во Европа, Северна Америка и Азија со предлогот профитот од Светското првенство да се продава преку посебен комерцијален субјект.

Сепак, во интервју за Би-Би-Си, на Светското првенство за играчи до 15 години во Азербејџан, Инфантино ги отфрли сомнежите околу тоа дали може да продолжи да ја извршува функцијата претседател.

„Знаете, јас бев избран од 211 национални сојузи-членки од целиот свет. Сметам дека е важно да се има предвид оти во организација како ФИФА може да постојат различни мислења и ставови“, рече Инфантино.

Се вчитува...