Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, се соочува со својата најголема криза откако ја презеде функцијата во јануари.
По серија од седум натпревари без победа и дебакл против Комо (4*1) во Лигата на шампионите, во пресрет на првенствениот дуел против Борнмут, тој застана пред медиумите и ја презеде целата одговорност за лошите резултати врз себе.
На прес-конференцијата, Керик зеде збор и одржа монолог кој траеше повеќе од пет минути, без притоа да биде поставено ниту едно новинарско прашање. Тој отворено призна дека настапите не се на очекуваното ниво, осврнувајќи се особено на поразот во Италија, по кој клубот падна на 20. место во Лигата на шампионите.
„Не минуваме низ добар период и целосно сум свесен за тоа. Имавме пет месеци исполнети со успех и многу работи со кои бев задоволен. Но, во последно време не сме доволно добри. Морам да бидам искрен боли сето ова“, изјави Керик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
