Наполи и Рома одиграа без победник 3-3 во неверојатен трилер натпревар како дел од денешната програма од 8. коло во италијанската Серија А.
Домаќините имаа водство од 2-0 со головите на Замбо-Ангиса во 28. минута и Мектоминеј во 48. минута. Гостите целосно се вратија во натпреварот (2-2) со головите на Суле во 70. и Балерди во 74. минута.
Ново водство за наполитанците донесе Мектоминеј со својот втор гол во 83. минута (3-2), додека конечните 3-3 ги постави Балерди во 89. минута.
Napoli 3 – [3] Roma – Leonardo Balerdi 89'
byu/50lipaa insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
