Актуелниот шампион во ЕХФ купот Охрид со втор триумф во два дена го потврди пласманот во следната рунда во третото по ранг европско натпреварување.
Откако охриѓани синоќа беа убедливи и денеска славеа овојпат со 22-38 против турскиот Спор Тото.
Мартин Ивановски и Дарко Ѓукиќ со по шест гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Халил Озтурк постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
