Шкендија и Вардар одиграа без голови 0-0 во дерби натпреварот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.
По мечот со изјава излезе стратегот на тетовци, Артим Положани.
„Дефинитивно е дерби натпревар, натпревар што требаше да го добиеме, бидејќи сепак мислам дека имаме повеќе квалитет од противникот, но со низок блок на противникот цело време беше тешко да се спроведе планот. Игравме добро во првото полувреме, мислам дека имавме шанси за гол во првото полувреме, но не успеавме тоа да го финализираме. Сега доаѓаме до тоа друго прашање дека на крајот, противникот имаше два гола поништени, да, но тоа се офсајд позиции, исто како нас кои имавме гол поништен поради офсајд позиција во првото полувреме“, изјави Положани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
