Ракометарите на Бутел ја завршија европската авантура откако во реваншот не успеаја да ja анулираат негативата од три гола од првиот меч во Хрватска славејќи само со минимални 25-24 на домашен терен против Горица.
Иако имаа и предност од посакуваните три гола 25-22 во финишот не останаа младите ракометари на Бутел сконцентрирани и на крајот мораа да се простат од Европа.
Дамјан Субашевски со седум гола беше прво име кај нашиот тим, додека кај Горица Марко Караула постигна осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
