Вардар до лесна победа над Прилеп

Актуелниот шампион останува стоотстотен во домашното првенство откако вечерва славеше на гостувањето кај Прилеп со 29-38 во натпревар од 8. коло во Суперлигата.

Прилепчани се држеа во првото полувреме, па на пауза заминаа со негатива од само два гола (14-16). Сепак, во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ уфрлија во повисока брзина и на крајот стигнаа до конечен триумф од 29-38.

Jaка Малус со 11 гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Никола Шипинкоски постигна седум гола.

Се вчитува...