ВМФЛ: Охрид го доби дербито со Работнички, Пелистер славеше против Новаци

Екипата на Охрид продолжува со одличните игри во Втората македонска фудбалска лига, откако во дербито на колото со минимални 1-0 го совлада тимот на Работнички. Човек на одлука беше Давид Матески, кој во 53. минута го постигна единствениот погодок на мечот.

Пелистер триумфираше над Новаци со 0-2 со головите на Христов и Гроздановски. Осогово направи изненадување откако со 3-1 ја совлада Брера.

Беласица и Македонија ЃП ги поделија бодовите играјќи 1-1, додека Кожуф и Тетекс приредија ефикасно реми со резултат 2-2.

Камјани забележа сигурна гостинска победа од 0-2 против Шкупи, додека дуелот меѓу Детонит Плачковица и Еуромилк ГЛ заврши без голови (0-0).

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...