Шкендија и Вардар одиграа без голови 0-0 во дерби натпреварот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Шкендија стигна до водство од 1-0 во 31. минута со голот на Ндѕенгуе, но по проверка на ВАР поради офсајд тој беше поништен. До крајот на првиот дел мируваа мрежите, а двата тима со почетниот резултат заминаа на пауза.
Во вториот дел гостите постигнаа гол, преку Димитар Данев во 90 минута, но и тој со ВАР беше поништен поради офсајд. Вардарци стрелаа повторно преку Спахиу, но и тој гол беше поништен поради офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
