Американката Пола Молцан стигна до првата победа во кариерата во Светскиот куп, откако денеска во премиерата на новата сезона славеше на велеслаломската трка која традиционално се оддржува во австриски Зелден.
Молцан по првата трка беше петтопласирана, но со одлично скијање успеа на крајот да слави со вкупно време од 2:14.82 минути. За само една стотинка зад неа заврши Италијанката која се натпреварува под знамето на Албанија, Лара Колтури. Подиумот го надополни Германката, Ема Ајхер која доцнеше 52 стоти делови зад времето на победничката.
Лошите временски услови на патеката во завршницата на втората трка беа клучните првите три по воведната трка, Шифрин, Хектор и Раст на крајот да не стигнат ниту до подиум. Најдобрата алпска скијачка на дешеницата, го освои само седмото место, Раст беше позиција подобро од неа, додека Хектор заврши како четвртопласирана.
Утре на програмата во Зелден е велеслаломот во машка конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
