Кошаркарите на македонскиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром со пораз го стартуваа настапот во АБА 2 лигата, откако денеска во својот воведен меч загубија на гостувањето кај црногорска Сутјеска со 85-75.
Домаќините подобро го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа предност од 16-11. Нашиот шампион одигра одлична втора четвртина, па на пауза замина со минимална позитива од 39-40.
Во вториот дел Сутјеска беше посконцентрирана па на крајот стигна до конечен триумф од 85-75. Ноа Фарахан со 17 поени беше прво име во таборот на МЗТ, додека кај победникот Стефан Митровиќ заврши со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
